| четврток, 6 декември 2018 |

Месењето е добро за вашето ментално здравје

1093080_1__varljivo_leto_68__1984Вода, брашно, квасец, вредни раце = магија. Кој не сака да се разбуди со мирисот на топол крцкав леб или меки мирисливи кифлички? Месењето и печењето е многу повеќе од професија или хоби, тоа eдноставно e љубов.

Постојат многу психолошки придобивки од правењето печива освен полната вкусна трпеза. Тоа всушност е форма на медитација која помага да се ослободите од стресот.

Месењето тесто е креативен издувен вентил кој ги топи напластените нервози.

Процесот бара посветеност и внимание, од мерењето на потребните состојки, до месењето, размесувањето, обликувањето и печењето на тестото. Доколку целосно се фокусирате на мирисот и вкусот, но и изгледот на печивата, вие целосно ѝ се предавате на активноста, се опуштате и уживате во сегашниот миг, со значително ниво на намален стрес.

Покрај тоа, правењето храна има и огромен позитивен аспект бидејќи со самото тоа што ја делите или ја давате некому, вие се чувствувате автоматски повредно, полезно, подобро.

Па, следниот пат кога ќе се почувствувате нервозни и сте под многу стрес, наместете ја престилката, фатете се за сукалото и фрлете се на месење тесто. Но, внимавајте да не изедете сé сами, терапевсткиот момент е најсилен додека правите печива, не додека ги јадете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top