| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват загуби облог и мораше да трча гол по неверојатниот триумф на „каубоите“ (видео)

По неверојатниот подвиг на хрватската ракометна репрезентација по победата над Полска од 37-23 во последниот натпревар од групата 1 со кој се пласираа во полуфиналето на Европското првенство, во многу градови во оваа земја се славеше до раните утрински часови.

hrvat

Дури и најголемите отпимисти не веруваа дека нивната репрезентација може да го победи домаќинот со 11 и повеќе разлика, па затоа се обложуваа дека такво нешто неможе да се случи.
Меѓу нив бил и еден жител на Славонски Брод, кој се обложил со својот пријател дека ќе трча гол по гаќи по студеното време, ако хрватските ракометари го остварат неверојатниот подвиг.

Секако младиот песимист нема да има ништо против да го повтори трчањето доколку неговата репрезентација го освои златниот медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top