| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантен оглас: Продавале бебе на „Ибеј“ за 5 000 евра

bebe

Полицијата го истражува случајот за едномесечното бебе Марија, за кое неодамна eBay била отворена аукција за нејзино купување, а наведената почетна цена била 5 илјади евра. Детето според огласувачот е лоцирано во германскиот град Дуизбург.

Огласот многу брзо се прошири на интернет, а корисниците ширум светот изразија загриженост за нејзината безбедност, пишува британскиот Мирор.

Се уште не е познат идентитетот на продавачот, ниту се знае дали станува збор за невкусна шега. Поради овој оглас се огласи и потпаролот на eBay-a, Пјер ду Боа. Тој изјавил дека понудата е веднаш тргната, а за случајот била известена и полицијата.

– Пристигнаа многу поплаки од корисниците и веднаш го направивме тоа што е неопходно. Сите информации ги проследивме на полиција и стоиме на располагање за понатамошната истрага, вели Ду Боа напомнувајќи дека постојано се соочуваат со лажни понуди.

Од  eBay додаваат дека таквите корисници веднаш ги исклучуваат, како и дека имаат специјализирани тимови кои секојдневно се занимаваат со вакви проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top