| четврток, 6 декември 2018 |

Сите намени на бебешката пудра

Дали сте од оние кои мислат дека бебешката пудра се користи само за новороденчиња?

Не сте единствени. Повеќето луѓе мислат дека тоа е единствената намена, но всушност постојат многу намени на оваа пудра, кои откако ќе ги прочитате веднаш ќе почнете почесто да ја употребувате.

Ги прави трепките поволуменозни

Откако ќе го ставите првиот слој маскара, ставете малку бебешка пудра на трепките со чепкалки за уши или со мала четка. Потоа ставете уште еден слој маскара, со што трепките ќе ви изгледаат поволуменозни.

Лесно отплеткајте ги ѓерданите

Ставете малку пудра на заврзаните делови од вашиот ѓердан и нежно потрудете се да го отплеткате со прстите.

Искористете ја како сув шампон

Употребете го овој трик кога сте во брзање, а немате време да си ја измиете косата. Попрскајте бебешка пудра на корените на косата, а потоа само поминете со прстите за да не ви остане видлива пудрата. Ова е и една алтернатива за да не ја миете косата секој ден.

Отстранете ги масните флеки од облеката

За да ги отстранете масните флеки од облеката, ставете малку пудра на двете страни на облеката, протапкајте на флеката и оставете ја да постои еден час со цел да се апсорбира маслото. Потоа измијте ја облеката и ставете ја да се суши на сенка.

Освежете ги вашите чаршави

Овој трик е совршен за преку лето. Попрскајте малку бебешка пудра помеѓу чаршавите за да ги освежите и ќе почувствувате една свежа арома, која ќе ви помогне подобро да спиете.

Ја прави кожната облека да изгледа посвежо

Сè што треба да направите е да ставите малку бебешка пудра на облеката и да поминете со мека памучна крпа. Кожата веднаш ќе почне да сјае како нова.

Како сув шампон за миленичето

Можете да ја користете пудрата како сув шампон за вашето милениче помеѓу бањањето. Распрскајте врз неговото крзно и нежно измасирајте го. Важно е да ги избегнувате очите и носот.

Го неутрализира мирисот на урина од миленичето

Искористете ја пудрата да ја неутрализирате урината од вашите килими или мебел каде што извршило нужда миленичето. Избришете ја урината, испрскајте пудра на местото и почекајте еден час, а потоа избришете повторно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top