| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето плаче? Оставете го, само ќе се смири

На плачот на бебињата не треба секогаш да се притресувате, бидејќи не секогаш се изразува болка, негативна емоција како што родителите вообичаено мислат.

Здравите бебиња кои плачат пред спиење, имаат подолг сон за 30 проценти, покажува истражувањето на Кралската детска болница во Мелбурн.

Истражувачите потрошиле шест години во испитување на плачот на бебињата и утврдиле дека плачењето е вид на комуникација.

-Кога бебето од неколку месеци ќе го оставaт да плаче, родителите го навикнуваат само да се заспива без да чека на нивно лулање, носење. Солзите не се штетни за детето кое е здраво, туку се издувен вентил и не треба по секоја цена да се сопираат – велат истражувачите.

Ваков вид на воспитување не се препорачува кај доенчињата кои најчесто плачат бидејќи се гладни, додека бебињата од шест месеци треба да се одвикнуваат од ноќни оброци.

Ако детето се разбуди и заплаче без причина, оставете го само да се успие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top