Најбрзиот човек на денешницата Јусеин Болт (Јамајка) во последно време сѐ почесто е во центарот на медиумите поради сканадaли со различни жени со сомнителен морал.
Иако е свршен со својата долгогодишна девојка Кеси Бенет, очигледно е дека во крвта му е да изневерува, но проблем му претставува тоа што е познат и што папараците го ловат на секој чекор.
Болт по секс-скандалите на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, повторно е уловен со мистериозна русокоса девојка, со која излезе од еден ноќен клуб во Лондон. Наводно во хотелот се вратил во 2.30 часор наутро. Претходно неговата девојка му го прости неверството, а дали така ќе биде кога ќе ја види новата авантура на Болт, останува времето да покаже.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.