Што сакаат за Македонија Ричард Ховит и неговите социјалисти: планирана, социјалистичка економија. Повисоки даноци за сите. Прераспределба на богатството. Абортус на барање, во секое време, секаде, без никакви ограничувања и платен со парите на даночните обврзници. Редефинирање на семејството за тоа да ги вклучи сите и секакви алтернативи. Агенда што ги промовира трансродовите или идејата дека „мажи може да раѓаат бебиња“ (со други зборови, жените што мислат дека се мажи). Промовирање нова култура во општеството (и особено во училиштата) што промовира политичка коректност. Темелна преработка на традиционалната култура во Македонија. Повторно поврзување со прогресивните, социјалистички и левичарски партии во светот. И одбивање на објективниот морал каде што вистината е релативна и сè се заснова на чувства место на факти. Сето ова и повеќе е тоа што Ричард Ховит и левицата го сакаат за Македонија. Ах, да, и промена на името и идентитетот – мора да ги смените своето име и идентитет за да ги задоволи, пишува Џејсон Мико, менаџер за односи со јавноста од Аризона и долгогодишен набљудувач на состојбите во македонија и во Југоисточна Европа.
Но, како што открив во овие повеќе од 20 години со Македонија, тоа не е тоа што мнозинството Македонци го сакаат. Македонските граѓани, без оглед на етничката група на која ѝ припаѓаат, се традиционални и традиционално конзервативни. Дали е актуелната влада совршена? Се разбира дека не. Јас сум конзервативец што поддржува ограничена влада и големината на владата ме загрижува – секоја влада, без оглед дали е тоа во Македонија или во САД. Но конзервативната филозофија и политики се најдобриот начин за едно општество да се придвижи напред.
Политиките на слободниот пазар ги вработуваат луѓето. Пониските даноци им овозможуваат на луѓето да задржат поголем дел од својот заработен приход. Традиционалните политики што ги поддржуваат животите на неродените и традиционалниот брак ги чуваат семејствата недопрени – а семејството е основниот блок за градење на општеството – кое било општество и во кој било период. Дури и паганските Римјани го признавале тој факт. Уништете го традиционалното семејство и ќе ги уништите општеството и државата. Тоа ви го гарантирам.
Kонзервативната филозофија и политики сфаќаат и признаваат дека објективниот морал е неопходен и реален, и сфаќаат и признаваат дека ако е нешто вистина сега, тогаш било вистина и пред 1.000 години и ќе биде вистина и по 1.000 години. Затоа е особено важно – од суштинско значење, да бидам попрецизен- младите да сфатат зошто конзервативната филозофија и политики го даваат најдобриот можен исход за нив и за државата што ја сакаат. За ова ќе пишувам повеќе во иднина, но во меѓувреме запаметете дека овие битки само ќе се зајакнат во следните месеци и години. Ако ги сакате слободата и традицијата, тогаш „Kако воин, подготви се себеси за битка и не земај заложници. Левицата полудi од желбата за моќ.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.