| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија дел од Светската недела на вселената

Светската недела посветена на вселената е интернационален настан кој се одржува од 4 до 10 октомври во повеќе од 73 земји низ светот и вклучува речиси 1.800 различни настани. Целта е да се даде акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на претходната година.

Овие датуми одбележуваат два настани:
– 4 октомври 1957: Лансирање на првиот сателит Спутник 1, со што се отвора патот за истражување на вселената.
-10 Октомври 1967: Потпишувањето на Договорот за принципи и активности на државите вклучени во истражување и соодветна употреба на вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.

Свеченото вселенско отвoрање и изложба на фотографии од Скопското Астрoномско друштво ќе се одржи во Концепт 37, вторник 04.10.2016 , со почеток од 21:30 часот.

На самото отворање ќе биде објавена целосната агенда за сите останати денови, вклучувајќи: проекции во соработка со Македокс, SmallStarEmpires турнир, посета на планетариум, набљудување на небото преку телескопи на неколку различни локации, велосипедска тура, детска работилница, посета на опсерваторијата Кокино и забава на отворено…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top