| четврток, 6 декември 2018 |

Второ дете за Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

Блејк Лајвли се породи денеска во болница во Менхетен. Ова е второ дете за 29-годишната актерка и нејзиниот десет години постар сопруг Рајан Рејнолдс.

Холивудската двојка не го откри ни името, а ни полот на новиот член на семејството.

На нивната прва ќерка, која во декември ќе наполни две години, Лајвли и Рејнолдс и дадоа необично име за девојче – Џејмс. Американската јавност со нетрпение очекува да го чуе и името на новото бебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top