„Зеро“ не е само уметничка тајфа, која одвреме-навреме се собира и дејствува во правецот на реализацијата на некоја творечка визија или проект. „Зеро“, исто така, е и дебатен клуб и лабораторија на идеи, кои засегаат во сите области на животот и интелектуалноста. Но, засега, од тој вулкан на интерпретации и анализи ретко што излегува на јавната сцена. Сега засега, по тие прашања „Зеро“ дејствува магиски и езотерично, но токму таквиот херметичен став иритира одредени персони во котлинава, личности кои сакаат да го нарушат мирот, во кој „Зеро“ сака да пребива и да медитира. Патем, има силен телепатски дијалог помеѓу одредени членови на „Зеро“, кои во текот на десетици години практикување уметност и тајни учења се стекнале со способности да се екстраполираат во оностраното.
Кога тајфата се собира за да го конституира „Зеро“, тоа не го прави само од професионални причини, поврзани со некој проект од областа на ликовните уметности, туку, исто така, се случуваат и многу други работи, сосема непоимливи и неверојатни за обичните граѓани. Секако, нив „Зеро“ никако не ги потценува, како што тоа го прават повеќето таканаречени интелектуалци – припадници на опозициските структури, напротив, за „Зеро“ во несогледливите когнитивни лавиринти на постоењето народот е нераскинлив дел од духовната аура, од Акашата, од гностичките вибрации, кои секое свесно и словесно битие го поврзуваат со суштината, во која е сѐ содржано, без остаток.
Но, за „Зеро“ не постојат никакви административни, ниту, пак, академски граници, за платеништвото и за кодошлакот не ни станува збор. „Зеро“ со индигнација и гадење гледа на овие гоими (полуживотни), што со омраза и празна, механичка, би рекол, замаскирана псевдоинтелектуалност влегле во донкихотска битка со сите патриотски и антиглобализациски сили во градот и во светот (urbi et orbi).
Но, кој да се занимава со сите тие стеници и комарци – корумпирани до коска од сега веќе здивениот неолиберализам, кој влегува во својата сосема евидентна летална криза, во својот гротескен танц макабр.
Пците на неолибералната идеолошка и политичка тиранија, која ги малтретира сите оние кои не сакаат да се подвргнат на нејзината тапа и бессловесна, колку и неинвентивна и до лудило здодевна визија за светот, што се сведува само на философијата на купување и продавање, и ништо повеќе од тој лукративен и прагматичен поглед на нештата, каде што духовноста и поетичноста се прогонуваат, исемјуваат и уништуваат, а сите протагонисти на етичноста и естетичноста треба да бидат екстерминирани, значи тие пци се растрчаа по теренот.
Пуштени од синџир од страна на нивните господари – меѓународниот платежен фактор, еманиран во агенцијата „Сорос“ во американскиот воено-индустриски и цијашки комплекс, во пупунците на ситната, шконтерска и срамна, а ла кодош дипломатија во домашните предавници, оние што добиваат пари за своите свињарии од наведените фактори, а се само еден дел од предавничката и злосторничка алијанса и, секако, најголемата опозициска партија, тој криминален екскремент на една потрошена утопија, која се хранеше со крв, солзи и месо на неистомислечките граѓани.
Сега, во предизборието, се пуштиле во погон хистерично како обезглавени кокошки со агониски рефлекси и плукаат и прскаат крв и гној, и џвркаат фекалии наоколу, обидувајќи се да ја наметнат својата волја, која во која било варијанта иницира само ништожност и зло. Овие луѓе, поврзани со џојстик, хараат по котлинава, диригирани од нивните спонзори и ги лаат нивните инструкции, сосема несвесни, ниту за големата слика, ниту, пак, за вистинските правци на делување. Но, тоа се класични платеници, луѓе без морален кредибилитет и какви било возвишени квалитети.
Тоа, што некои од нив се окомија на „Зеро“, говори за нивните фрустрации, немоќ, а најмногу за нивните многу оскудни капацитети за креација и промислување. Цитатологијата и фразеологијата нема да ги одведат далеку. Во секој нивен обид за ефектна критика против „Зеро“ паѓаат во ужасни дискредитации, дискриминации и глупости од најдолен тип. Достојни се за сожалување, но нивната перманентна злоба не ви дозволува да изразите подлабока емпатија за нивната страшна духовна инхибираност и импотентност.
Да се бруи за уметноста од позиции на тотална некреативност, а кон тоа и со тенденциозна исполитизираност, која доаѓа како ефект од нивната повеќегодишна лакејска служба во странските субверзивни агентури, како што е Сорос и нејзиниот домашен приврзок – СДСМ, е позиција некредибилна, изопачена и бескрајно мизерна. Но, нека одат по ѓаволите или во санаториум ако имаат шанса нивните спонзори да го платат тоа.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.