| четврток, 6 декември 2018 |

ЗЕРО политика

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

„Зе­ро“ не е са­мо умет­нич­ка тај­фа, ко­ја од­вре­ме-на­вре­ме се со­би­ра и дејс­тву­ва во пра­ве­цот на ре­а­ли­за­ци­ја­та на не­ко­ја тво­реч­ка ви­зи­ја или про­ект. „Зе­ро“, исто та­ка, е и де­ба­тен клуб и ла­бо­ра­то­ри­ја на идеи, кои за­се­га­ат во си­те об­ла­сти на жи­во­тот и ин­те­ле­кту­ал­но­ста. Но, за­се­га, од тој вул­кан на ин­тер­пре­та­ции и ана­ли­зи ре­тко што из­ле­гу­ва на јав­на­та сце­на. Се­га за­се­га, по тие пра­ша­ња „Зе­ро“ дејс­тву­ва ма­ги­ски и езо­те­рич­но, но ток­му та­кви­от хер­ме­ти­чен став ири­ти­ра одре­де­ни пер­со­ни во кот­ли­на­ва, лич­но­сти кои са­ка­ат да го на­ру­шат ми­рот, во кој „Зе­ро“ са­ка да пре­би­ва и да ме­ди­ти­ра. Па­тем, има си­лен те­ле­пат­ски ди­ја­лог по­ме­ѓу одре­де­ни чле­но­ви на „Зе­ро“, кои во те­кот на де­се­ти­ци го­ди­ни пра­кти­ку­ва­ње умет­ност и тај­ни уче­ња се стек­на­ле со спо­соб­но­сти да се ек­стра­по­ли­ра­ат во оно­стра­но­то.

Ко­га тај­фа­та се со­би­ра за да го кон­сти­ту­и­ра „Зе­ро“, тоа не го пра­ви са­мо од про­фе­си­о­нал­ни при­чи­ни, по­вр­за­ни со не­кој про­ект од об­ла­ста на ли­ков­ни­те умет­но­сти, ту­ку, исто та­ка, се слу­чу­ва­ат и мно­гу дру­ги ра­бо­ти, со­се­ма не­по­им­ли­ви и не­ве­ро­јат­ни за обич­ни­те гра­ѓа­ни. Се­ка­ко, нив „Зе­ро“ ни­ка­ко не ги пот­це­ну­ва, ка­ко што тоа го пра­ват по­ве­ќе­то та­ка­на­ре­че­ни ин­те­ле­кту­ал­ци – при­пад­ни­ци на опо­зи­ци­ски­те стру­кту­ри, на­про­тив, за „Зе­ро“ во не­сог­лед­ли­ви­те ког­ни­тив­ни ла­ви­рин­ти на по­сто­е­ње­то на­ро­дот е не­ра­скин­лив дел од ду­хов­на­та ау­ра, од Ака­ша­та, од гно­стич­ки­те ви­бра­ции, кои се­кое свес­но и сло­вес­но би­тие го по­вр­зу­ва­ат со су­шти­на­та, во ко­ја е сѐ со­др­жа­но, без оста­ток.

Но, за „Зе­ро“ не по­сто­јат ни­ка­кви ад­ми­ни­стра­тив­ни, ни­ту, пак, ака­дем­ски гра­ни­ци, за пла­те­ниш­тво­то и за ко­дош­ла­кот не ни ста­ну­ва збор. „Зе­ро“ со ин­диг­на­ци­ја и га­де­ње гле­да на овие го­и­ми (по­лу­жи­вот­ни), што со омра­за и праз­на, ме­ха­нич­ка, би ре­кол, за­ма­ски­ра­на псев­до­ин­те­ле­кту­ал­ност влег­ле во дон­ки­хот­ска би­тка со си­те па­три­от­ски и ан­тиг­ло­ба­ли­за­ци­ски си­ли во гра­дот и во све­тот (urbi et orbi).

Но, кој да се за­ни­ма­ва со си­те тие сте­ни­ци и ко­мар­ци – ко­рум­пи­ра­ни до ко­ска од се­га ве­ќе зди­ве­ни­от не­о­ли­бе­ра­ли­зам, кој вле­гу­ва во сво­ја­та со­се­ма еви­дент­на ле­тал­на кри­за, во сво­јот гро­те­скен танц ма­кабр.

Пци­те на не­о­ли­бе­рал­на­та иде­о­ло­шка и по­ли­тич­ка ти­ра­ни­ја, ко­ја ги мал­тре­ти­ра си­те оние кои не са­ка­ат да се под­врг­нат на неј­зи­на­та та­па и бесс­ло­вес­на, кол­ку и не­ин­вен­тив­на и до лу­ди­ло здо­дев­на ви­зи­ја за све­тот, што се све­ду­ва са­мо на фи­ло­со­фи­ја­та на ку­пу­ва­ње и про­да­ва­ње, и ни­што по­ве­ќе од тој лу­кра­ти­вен и праг­ма­ти­чен пог­лед на не­шта­та, ка­де што ду­хов­но­ста и по­е­тич­но­ста се про­го­ну­ва­ат, исем­ју­ва­ат и уни­шту­ва­ат, а си­те про­та­го­ни­сти на етич­но­ста и есте­тич­но­ста тре­ба да би­дат ек­стер­ми­ни­ра­ни, зна­чи тие пци се рас­тр­чаа по те­ре­нот.

Пу­ште­ни од син­џир од стра­на на нив­ни­те гос­по­да­ри – ме­ѓу­на­род­ни­от пла­те­жен фа­ктор, ема­ни­ран во аген­ци­ја­та „Со­рос“ во аме­ри­кан­ски­от во­е­но-ин­ду­стри­ски и ци­ја­шки комп­лекс, во пу­пун­ци­те на сит­на­та, шкон­тер­ска и срам­на, а ла ко­дош дип­ло­ма­ти­ја во до­маш­ни­те пре­дав­ни­ци, оние што до­би­ва­ат па­ри за сво­и­те сви­ња­рии од на­ве­де­ни­те фа­кто­ри, а се са­мо еден дел од пре­дав­нич­ка­та и зло­стор­нич­ка али­јан­са и, се­ка­ко, нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја, тој кри­ми­на­лен ек­скре­мент на ед­на по­тро­ше­на уто­пи­ја, ко­ја се хра­не­ше со крв, сол­зи и ме­со на не­и­сто­мис­леч­ки­те гра­ѓа­ни.

Се­га, во пре­диз­бо­ри­е­то, се пу­шти­ле во по­гон хи­сте­рич­но ка­ко обезг­ла­ве­ни ко­ко­шки со аго­ни­ски реф­ле­кси и плу­ка­ат и пр­ска­ат крв и гној, и џвр­ка­ат фе­ка­лии на­о­ко­лу, оби­ду­вај­ќи се да ја на­мет­нат сво­ја­та вол­ја, ко­ја во ко­ја би­ло ва­ри­јан­та ини­ци­ра са­мо ни­штож­ност и зло. Овие лу­ѓе, по­вр­за­ни со џој­стик, ха­ра­ат по кот­ли­на­ва, ди­ри­ги­ра­ни од нив­ни­те спон­зо­ри и ги ла­ат нив­ни­те ин­струк­ции, со­се­ма не­свес­ни, ни­ту за го­ле­ма­та сли­ка, ни­ту, пак, за ви­стин­ски­те прав­ци на де­лу­ва­ње. Но, тоа се кла­сич­ни пла­те­ни­ци, лу­ѓе без мо­ра­лен кре­ди­би­ли­тет и ка­кви би­ло воз­ви­ше­ни ква­ли­те­ти.

Тоа, што не­кои од нив се око­ми­ја на „Зе­ро“, го­во­ри за нив­ни­те фру­стра­ции, не­моќ, а најм­но­гу за нив­ни­те мно­гу оскуд­ни ка­па­ци­те­ти за кре­а­ци­ја и про­мис­лу­ва­ње. Ци­та­то­ло­ги­ја­та и фра­зе­о­ло­ги­ја­та не­ма да ги од­ве­дат да­ле­ку. Во се­кој ни­вен обид за ефект­на кри­ти­ка про­тив „Зе­ро“ па­ѓа­ат во ужас­ни ди­скре­ди­та­ции, ди­скри­ми­на­ции и глу­по­сти од нај­до­лен тип. До­стој­ни се за со­жа­лу­ва­ње, но нив­на­та пер­ма­нент­на зло­ба не ви доз­во­лу­ва да изра­зи­те под­ла­бо­ка ем­па­ти­ја за нив­на­та страш­на ду­хов­на ин­хи­би­ра­ност и им­по­тент­ност.

Да се бруи за умет­но­ста од по­зи­ции на то­тал­на не­кре­а­тив­ност, а кон тоа и со тен­ден­ци­оз­на ис­по­ли­ти­зи­ра­ност, ко­ја до­а­ѓа ка­ко ефект од нив­на­та по­ве­ќе­го­диш­на ла­кеј­ска служ­ба во стран­ски­те суб­вер­зив­ни аген­ту­ри, ка­ко што е Со­рос и неј­зи­ни­от до­ма­шен при­вр­зок – СДСМ, е по­зи­ци­ја не­кре­ди­бил­на, изо­па­че­на и бе­скрај­но ми­зер­на. Но, не­ка одат по ѓа­во­ли­те или во са­на­то­ри­ум ако има­ат шан­са нив­ни­те спон­зо­ри да го пла­тат тоа.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top