| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Народна носија за јадење

Народната носија беше една од многуте традиционални јадења со кои се претставија 60 жени од сите населени места од општина Илинден за кои гостите имаа можност да гласаат и да ги купат, а хуманитарната манифестација „Етно вешта жена 2013“ се одржа во Домот на култура „Илинден“, по повод празникот Св. Јован Крстител

narodna nosija

„Вешти жени“ од Илинден, со своите јадења покажаа дека, навистина, се вешти во кујната, а во исто време и хумани. Трите најдобро изработените специјалитети беа наградени со пригодни награди.

Манифестацијата „Етно вешта жена Илинден“ ќе стане традиционална, каде што вредните вешти жени од Илинден секоја година на празникот Св. Јован ќе ги негуваат и пренесуваат етновредностите на македонската кујна.

torta

Манифестацијата беше поддржана од градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, кој активно се вклучи во лицитацијата. Во музичкиот дел настапи ансамблот за народни песни и ора „Илинден 72“ и солистката Јорданка Смилевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top