| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер кандидат за менаџерската позиција на англиската фудбалска репрезентација

arsen venger

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е еден од можните наследници на Сем Алардајс на функцијата селектор на Англија, пренесува „Дејли Мејл“.

Алардајс синоќа поднесе оставка откако се најде во центарот на вниманието на корупциски скандал. Тој беше на функцијата селектор на Англија само 67 дена.

Венгер има дадено изјава дека „Англија ја смета за своја втора татковина и дека еден ден може да биде и селектор на Англија“. Францускиот експерт е 20 години на клупата на Арсенал.

Поволна варјанта за првите луѓе на англиската Фудбалска асоцијалција е и тоа што Венгер на крајот од сезоната му истекува договорот со Арсенал, што значи дека тогаш нема да има пречка да биде селектор. Во тој случај Англија ќе мора да назначи привремен селектор, додека на Венгер не му истече договорот со „топџиите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top