| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинение против мајката што си го претепа детето среде бел ден на „Ленинова“

По завршување на истражната постапка и прибирање на доказите во предметот, Oсновното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против А.Х. (30) од Скопје за сторено кривично дело – запуштање и малтретирање малолетно лице, од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Мајката се обвинува дека на 31 август годинава физички го малтретирала своето 18-месечно бебе.

Јавниот обвинител заедно со доставениот обвинителен акт, достави и предлог за продолжување на мерката Притвор за обвинетата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top