| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини се враќа во англискиот фудбал, но овој пат како селектор?!

Roberto-Manćini

Италијанскиот тренер Роберто Манчини на само неколку денови пред почетокот на новата сезона ја напушти клупата на Интер поради несогласување со челниците на италијанскиот прволигаш.

Но, само еден месец по заминувањето, Манчини сега добива неочекувана можност на голема врата да се врати на фудбалот. Англиските медиуми веќе пренесуваат дека италијанскиот стратег е главниот кандидат за селекторската позиција на Англија, по заминувањето на Сем Алардајс кој мораше да се повлече по скандалот во кој беше вовлечен.

ФА синоќа соопшти дека привремен селектор ќе биде Герет Саутгејт, а потоа подлабоко ќе се разгледува можноста за нов селектор. А, Роберто Манчини тука веќе се издвојува како прва опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top