Веселин Вујовиќ во следните неколку дена ќе потпише нов договор како селектор на Словенија, со што дефинитивно ќе бидат остранети сите дилеми околу неговите идни ангажмани на репрезентативен план. Одличниот стратег пред неколку дена јавно го отфрли интересот на Хрватската ракометна федерација истакнувајќи дека нема намера да си замине од кормилото на Словенија, а како награда за лојалноста „Вујо мајсторе“ ќе добие продолжување на договорот, за да остане со оваа селекција до Олимписките игри во Токио во 2020 година.
– Прашање на ден е кога договорот ќе биде потпишан и официјализиран. Јас сакав да останам, федерацијата сакаше да ме задржи, сѐ останато беше прашање на детали. Ми ја испратија понудата со услови што се прифатливи за мене, така што ќе останам на чело на Словенија најмалку до Токио – изјави Вујовиќ за словенечкиот весник „Дело“.
Актуелниот договорот на Веселин Вујовиќ како селектор на Словенија истекува во јули 2018 година, но Словенците дефинитивно се презадоволни од работата на актуелниот тренер на Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.