Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) го презентираше целиот туристички потенцијал на Македонија пред стотици туроператори од Обединетото Кралство и светот, на септемвриското вмрежување на туристичката индустрија во Лондон.
Брендот „Macedonia Timeless“, како што информираат од АППТ, во Велика Британија се промовира преку престижната групација Travel Weekly која туристичката индустрија ја вмрежува и информира преку престижниот магазин, интернет едицијата и бизнис услугите кои ги нуди.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот годинава ја промовира Македонија пред британската јавност и со рекламирање во „Аspire“ магазинот, квартална публикацијата која ја таргетира заедницата за луксузно патување и досегнува до 200.000 читателска публика од секторот.
Во рамките на соработката организирани се и наградни активности на кои се одзвале 30 тур оператори од Велика Британија. На вмрежувањето, како што информираат, претставници на АППТ оствариле средби со значајни имиња од секторот меѓу кои „Expedia“, „Thomas Cook“, „New Market“, „Explorer Travel“ и многу други.
Есенскиот настан Travel „Weekly Roadshow, Travel Weekly September Social“ е еден од вкупно девет настани организирани од групацијата, каде АППТ ја промовира македонската култура, историја,активности во природа, како и винскиот туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор