| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе-феномен во БиХ: Близначката Дуња е навистина посебна

Во болницата „Свети врачеви“ во босанскиот град Биелина, на 10 септември по природен пат се породи Наталија Савиќ и на свет ги донесе ќерката Дуња и синот Дамјан. По породувањето бабиците ги однеле близнаците во собата за новородениња.

Еден час подоцна, кога бебињата огладнеле, сестрите го откриле феноменот.

– Ми соопштија дека сум родила бебе-феномен, бебе со родено со две предни запчиња на долната вилица – раскажува мајката, која вели дека останала зачудена бидејќи никогаш досега не чула за ваков случај.

Всушност, ова се случува кај едно во две до три илјади новороденчиња. Наталните запчиња обично се наоѓаат на долната вилица и иако се мали може да создадат проблеми: или да дојде до повреда на јазичето на бебето или, пак, да создадат раничка кај мајката при доењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top