На тригодишно девојче со лапароскопски хируршки зафат му е оперирана кила на Клиниката за детска хирургија. Тоа е најмладиот пациент што е опериран со современ метод, што овозможува брзо оздравување. Тимот на клиниката на чело со Тони Ристевски во последните пет месеци направил 11 успешни операции, пренесува „Канал 5“.
Методот за овој тип операции доктор Ристевски ја усовршил во Израел. За него е важно што со операцијата им се помага во иднина да немаат никакви проблеми. Родителите, чиишто девојчиња имаат ваков проблем преку системот „Мој термин“ може да закажат преглед на Клиниката за детска хирургија.
-Оваа програма ја добив преку Министерството за здравство и е непроценливо искуство. Еден месец бев во Израел, а преку вакви програми за овој тип операции бев и три месеци во Италија – вели д-р Ристевски.
Најчеста причина за вродена кила кај девојчиња е пушењето цигари на мајките во бременост, потврдуваат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Локацијата на новиот Клинички центар не е во строго заштитената зона


