Потресната фотографија што ја објави полицијата во Охајо, од предозирани зависници од хероин, кои заспале во автомобил додека на задното седиште беспомошно седи и чека 4-годишно момче, го обиколи светот, како што и беше идејата на полицијата. Но, сигурно никој не очекуваше дека ќе се јави мајката на детео. И што е насјстрашно, тоа не е жената на фотографијата.
Луѓето на фотографијата, всушност, се бабата на момчето, Ронда Пасек, која има проблеми со наркотици и нејзниот партнер. Момчето не живее со мајка си од раѓање, затоа што и таа е наркозависник. Социјалната служба ѝ го доделила на бабата, а во меѓувреме тој живеел и со други роднини во Охајо, од очигледни причини.
Неговата мајка се вика Рива Мекулог, има 24 години, и веќе подолго време се обдува да се излекува од зависност од крек за да може да го добие старателството над синот.
-Четири дена без прстан плачев кога ја видов фотографијата. Сакам да ми се врати синот, вели Рива, која работи во стриптиз-бар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.