| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белгија извршена прва евтаназија на дете

Во Белгија првпат во историјата е извршена законска евтаназија на дете, објавија денеска белгиските медиуми, не прецизирајќи на колкава возраст било детето и од која болест било заболено.

Според истите извори, болеста на детето била во последен стадиум и лекарите процениле дека нема шанси за негово заздравување.

Белгија е единствена земја во светот каде легално е можно да се изврши евтаназија на деца. Таквата можност е предвидена со закон донесен во 2014 година.

Законот предвидува дека е можно „убиство од милосрдие“ на лица кои имаат неподносливи физички или психички болки и страдања. Кога станува збор за деца, евтаназијата е можна само поради физичките болки, а не и поради психичката состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top