| четврток, 6 декември 2018 |

Напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија е главна тема на средбата Попоски – Жбогар

nikola-poposki

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговарало за напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија. Во тој контекст, биле истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на реформскиот процес во Република Македонија на патот кон ЕУ. Воедно, се разговарало и за справувањето со мигрантско-бегалската криза и европската помош во таа насока, што претставува заеднички интерес.

Амбасадорот Жбогар истакна дека Европската унија и понатаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја во Европската унија.

Во рамки на средбата, министерот Попоски му посакал успешна дипломатска мисија на амбасадорот Жбогар во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top