Македонија ја заслужи безусловената препорака, но ја очекува многу работа, рече Евроамбасадорот Жбогар на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која го претстави извештајот.
-Препораката од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. Потребно е да се одржат и продлабочат реформите. Одлуката за отпочнување на преговорите бара едногласно решение од сите 28 земји членки – рече Жбогар и упати охрабрување за продолжување на преговорите за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.