| четврток, 6 декември 2018 |

Совети: Не го прашувајте детето постојано што има за домашна задача

Според семејниот психолог и автор на голем број книги, д-р. Кевин Леман, детето нема да биде поуспешно, посамостојно и поорганизирано ако нонстоп го прашувате дали има домашна задача, како си поминало на училиште и слично.

Детето би требало само да се снаоѓа.

Само да се снаоѓа и да мисли со своја глава значи дека детето не треба да се прашува како било на училиште, туку да се остави само да зборува. Ако секој ден му се поставува истото прашање тоа може да почне намерно да не одговара.

Да, секако дека децата имаат домашни задачи и се советува да се остават тоа да бидат нивни задачи. На почетокот, ако родителите не ги прашуваат дали имаат домашна, тие може ќе избегнат да ја сработат, но веројатно после неколку казни ќе проработи нивната самостојност и оттогаш ќе пишуваат домашни задачи без некој да ги поттикнува на тоа, самостојно.

Се предлага и децата сами да се будат за на училиште. Родителот може да им даде будилник, да им подеси аларм и да ги пушти сами да се будат во одредено време. Децата после второ одделение веќе би требало да сносат одговорност, затоа што училиштето е исклучиво нивна обврска.

Не се возбудувајте за секоја петка на детето, туку наместо тоа речете им нешто во стил: „Одлично, тоа е супер за тебе, зарем не?“ т.е. дајте им до знаење дека тоа е нивен успех и дека тие треба да бидат посреќни од вас за петката. Децата не треба да носат петки од училиште за родителите да се радуваат, туку заради сопствено задоволство. Така детето брзо ќе ја усвои потребата да биде поуспешно заради себе.

И, ослободете ги децата од вонучилишни активности. Златно правило – една активност е сосема доволна детето да добие плус пракса и искуство вон училиште.

Извор: Факултети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top