Девојка од Србија загинала утрово во страшна сообраќајна несреќа на Тасос во Грција, додека 20 годишно момче од Стара Пазова кое било со неа е тешко повреден. Според неофицијални информации на српски „Блиц“, двајцата изнајмиле скутер со кој се возеле низ островот.
– На Тасос вчера имало голема бура. Никој не знае што точно се случило, но најверојатно скутерот се лизнал и тие излетале од патот. Девојката која бил совозач починала на самото место, додека момчето било тешо повредено, – изјавил извор запознаен со околностите на несреќата.
Повреденото момче е пренесено во болница во Кавала, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Според пишувањата, тие биле идентификувани преку агенцијата од Белград со која патувале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона