| четврток, 6 декември 2018 |

Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!

Милош Николиќ(25) од местото Сланци кај Белград и неговата девојка Наташа Белчевиќ(21) од Велико Село  загинаа во тешка сообраќајна несреќа, која се случи вчера рано наутро, кога џипот чироки со брзина од 170 километри на час се забил во автобус на градскиот превоз!Во стравичната нереќа повредени се возачот на автобусот и кондуктерот, кој после пружената лекарска помош, пуштени се на домашно лекување.

Како што се сомневаат, освен пребрзото возење, причина за несреќата, е и наводната трка на два џипа.

Настраданата Наташа е единица, родителите долго ја чекале, додека момчето со брат му им помагал на неговите болни родители. Полицијата за време на увидот им зела изјави на очевидците кои рекле дека автобусот поминувал на зелено светло, кога од правец на градот со голема брзина дошле два џипа. Едниот успеал да помине, а вториот, во кој бил заљубениот пар се забил во средина на автобусот, се одбил и буквално се замотал околу бандера.

Младиот пар на самото место останал мртов, а телата им ги ваделе пожарникари. Автобусот и џипот кој останал заглавен на 170 километри на час, однесени се на вонреден техничи преглед. Телата на настраданите пратени се на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top