| четврток, 6 декември 2018 |

Србинка загина на мотор во Грција

Девојка од Србија загинала утрово во страшна сообраќајна несреќа на Тасос во Грција, додека 20 годишно момче од Стара Пазова кое било со неа е тешко повреден. Според неофицијални информации на српски „Блиц“, двајцата изнајмиле скутер со кој се возеле низ островот.

– На Тасос вчера имало голема бура. Никој не знае што точно се случило, но најверојатно скутерот се лизнал и тие излетале од патот. Девојката која бил совозач починала на самото место, додека момчето било тешо повредено, – изјавил извор запознаен со околностите на несреќата.

Повреденото момче е пренесено во болница во Кавала, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Според пишувањата, тие биле идентификувани преку агенцијата од Белград со која патувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top