| четврток, 6 декември 2018 |

Драги Арсов: Андов, Петковски и Глигоров се подбиваа што се залагав за независна Македонија

dragi-arsov-3-customПрвиот потпретседател на Собранието на Република Македонија Драги Арсов во интервјуто за Република по повод Денот на независноста зборува за проблемите со кои се соочувало ВМРО-ДПМНЕ пред прогласувањето на независна Македонија.

Ка­ко беа над­ми­ну­ва­ни конф­ли­кти­те со тие си­ли што са­ка­ат Ма­ке­до­ни­ја да про­дол­жи во оса­ка­те­на­та Ју­гос­ла­ви­ја?

  • Ни­ка­ко! Нас­лед­ни­ци­те на ко­му­низ­мот, од­нос­но тие што про­из­ле­гу­ва­ат од по­ра­не­шен СКЈ, ни­ту то­гаш, ни­ту се­га са­каа не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. Тие со си­те си­ли се бо­реа за оп­ста­но­кот на Ју­гос­ла­ви­ја, тие што беа пре­поз­нат­ли­ви ка­ко про­ју­гос­ло­вен­ски на­трап­ни­ци гла­саа про­тив се­ка­ков пред­лог што има­ше на­ци­о­на­лен бе­лег. Без срам и пер­де чес­тву­ваа сѐ што бе­ше про­ју­гос­ло­вен­ско. По­твр­да за тоа е и ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње со „опа­шка­та“ за со­јуз со ју­гос­ло­вен­ски­те др­жа­ви. Тие ја бра­неа спо­год­ба­та Гли­го­ров – Изет­бе­го­виќ за спас на Ју­гос­ла­ви­ја. Тие не са­каа ни на­ци­о­нал­ни бе­ле­зи (грб, зна­ме), ни на­ци­о­нал­на ар­ми­ја, ва­лу­та (при­фа­ти­ја де­нар би­деј­ќи е поб­ли­зу до ју­гос­ло­вен­ски­от ди­нар) иа­ко ние пред­ла­гав­ме ста­тер, мо­не­та со на­ци­о­на­лен дре­вен ма­ке­дон­ски бе­лег. Не при­фа­ти­ја ни ма­ке­дон­ска ре­пре­зен­та­ци­ја. Ду­ри не са­каа да ја ме­ну­ва­ат ни пе­то­кра­ка­та на гр­бот сѐ до­де­ка не беа надг­ла­са­ни во пар­ла­мен­тот, вели Арсов.

Не­кои ме­сто „Де­нес над Ма­ке­до­ни­ја се ра­ѓа“ ја прет­по­чи­таа „Хеј Сло­ве­ни“. Дел од нив и де­нес сѐ уште се во по­ли­ти­ка­та и го­во­рат за Ма­ке­до­ни­ја ка­ко за нив­но де­ло.

АРСОВ: Тоа е тоа што најм­но­гу го бо­ли ма­ке­дон­ски­от на­род. Тие што беа про­тив не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја, по­доц­на се чу­каа во гра­ди при­ка­жу­вај­ќи се ка­ко гра­ди­те­ли на Ма­ке­до­ни­ја. Јас сум жив све­док ка­ко прв пот­пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ко­га во ка­би­не­тот на Сто­јан Ан­дов, Ти­то Пе­тков­ски, Ки­ро Гли­го­ров и то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то се под­би­ваа што се за­ла­гав за не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. „Ка­ко вие од ВМРО-ДПМНЕ ја за­мис­лу­ва­те не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја со сво­ја ар­ми­ја, ре­пре­зен­та­ци­ја итн. Вие зна­е­те ли што е тоа ар­ми­ја, па ду­ри пред­ла­га­те и ма­ке­дон­ска ва­лу­та ста­тер!“ Ко­га ре­ков де­ка Сло­ве­ни­ја и Хр­ват­ска се ве­ќе не­за­вис­ни и од­во­е­ни од Ју­гос­ла­ви­ја, тие ми од­го­во­ри­ја де­ка не­ма дол­го да би­дат не­за­вис­ни и са­мо­стој­ни. На мо­е­то пра­ша­ње – па кој ќе ги спре­чи, тие од­го­во­ри­ја: „Ќе ги спре­чи ЈНА“. ЈНА е таа си­ла што ќе ги вра­ти во Ју­гос­ла­ви­ја! Ете тие се­га се при­ка­жу­ва­ат де­ка ја соз­да­доа не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. Тие што уште на по­че­то­кот на пр­ва­та сед­ни­ца на Пар­ла­мен­тот ја пе­е­ја на цел глас хим­на­та „Хеј Сло­ве­ни“. Пра­те­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ на­пу­шти­ја, а по­тоа вле­гоа во пар­ла­мен­тот за по­тоа со гор­дост да ја пе­е­ме ма­ке­дон­ска­та хим­на „Де­нес над Ма­ке­до­ни­ја се ра­ѓа но­во сон­це на сло­бо­да­та“, се сеќава Арсов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top