Првиот потпретседател на Собранието на Република Македонија Драги Арсов во интервјуто за Република по повод Денот на независноста зборува за проблемите со кои се соочувало ВМРО-ДПМНЕ пред прогласувањето на независна Македонија.
Како беа надминувани конфликтите со тие сили што сакаат Македонија да продолжи во осакатената Југославија?
- Никако! Наследниците на комунизмот, односно тие што произлегуваат од поранешен СКЈ, ниту тогаш, ниту сега сакаа независна Македонија. Тие со сите сили се бореа за опстанокот на Југославија, тие што беа препознатливи како пројугословенски натрапници гласаа против секаков предлог што имаше национален белег. Без срам и перде чествуваа сѐ што беше пројугословенско. Потврда за тоа е и референдумското прашање со „опашката“ за сојуз со југословенските држави. Тие ја бранеа спогодбата Глигоров – Изетбеговиќ за спас на Југославија. Тие не сакаа ни национални белези (грб, знаме), ни национална армија, валута (прифатија денар бидејќи е поблизу до југословенскиот динар) иако ние предлагавме статер, монета со национален древен македонски белег. Не прифатија ни македонска репрезентација. Дури не сакаа да ја менуваат ни петокраката на грбот сѐ додека не беа надгласани во парламентот, вели Арсов.
Некои место „Денес над Македонија се раѓа“ ја претпочитаа „Хеј Словени“. Дел од нив и денес сѐ уште се во политиката и говорат за Македонија како за нивно дело.
АРСОВ: Тоа е тоа што најмногу го боли македонскиот народ. Тие што беа против независна Македонија, подоцна се чукаа во гради прикажувајќи се како градители на Македонија. Јас сум жив сведок како прв потпретседател на Собранието на Република Македонија, кога во кабинетот на Стојан Андов, Тито Петковски, Киро Глигоров и тогашниот претседател на Собранието се подбиваа што се залагав за независна Македонија. „Како вие од ВМРО-ДПМНЕ ја замислувате независна Македонија со своја армија, репрезентација итн. Вие знаете ли што е тоа армија, па дури предлагате и македонска валута статер!“ Кога реков дека Словенија и Хрватска се веќе независни и одвоени од Југославија, тие ми одговорија дека нема долго да бидат независни и самостојни. На моето прашање – па кој ќе ги спречи, тие одговорија: „Ќе ги спречи ЈНА“. ЈНА е таа сила што ќе ги врати во Југославија! Ете тие сега се прикажуваат дека ја создадоа независна Македонија. Тие што уште на почетокот на првата седница на Парламентот ја пееја на цел глас химната „Хеј Словени“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ напуштија, а потоа влегоа во парламентот за потоа со гордост да ја пееме македонската химна „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата“, се сеќава Арсов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СДСМ и Глигоров ја измамија ВМРО-ДПМНЕ за мандатар на новата влада
-
На Македонија не може да ѝ се случи 1990 г.: Итрината на СДСМ нема да ја победи волјата на народот
-
Драги Арсов: Главната пречка за остварување на сонот – независна Р. Македонија, не е надмината затоа што не успеавме да ги поразиме наследниците на комунизмот