Според мене, главната пречка за остварување на сонот – независна Република Македонија, не е надмината затоа што ние како партија ВМРО-ДПМНЕ за време на првиот состав на парламентот не успеавме да ги поразиме наследниците на комунизмот, односно партиите што произлегоа од поранешниот СКЈ. Јас сум жив сведок и тоа сега го кажувам за да знае јавноста дека поранешниот систем на Македонија не падна поради гласовите од албанските партии. Тие се здружија со наследниците на комунизмот и беа и останаа во историјата како причина да останат на поранешниот пројугословенски трансформиран поредок. Партијата ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше најмногу пратеници во парламентот, не успеа да издејствува победа. Тито висеше над нашите глави и ликуваше над нашата немоќ да ги поразиме титоистите на чијашто страна беа и пратениците од албанските партии, вели Драги Арсов, потписникот на Декларацијата за независност и прв потпретседател на Собранието на Р. Македонија во интервју за неделникот Република.
Седумдесет и деветгодишниот Драги Арсов е жив сведок и еден од директните учесници во процесот на остварување на вековниот сон на Македонците за создавање слободна и независна држава. Денес, на дваесет и петгодишнината од прогласувањето на независноста, Арсов со големи емоции се потсетува на тој историски период и предупредува дека опасноста за независна Македонија не е надмината затоа што сѐ уште не се поразени наследниците на комунизмот.
Целото интервју може да го прочитате во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денеска 9 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сеќавање на осамостојувањето: Како Кљусев, Мијалков и Змејковски ги извлекоа македонските војници од Хрватска
-
На 8 Септември ќе се пее на албански и на ромски: Владата не кажува колку ќе се потроши за прославата за Денот на независноста
-
Сите зборуваат за патриотското здолниште на Меланија (ФОТО)
-
Крвав празник: За Денот на независноста воена состојба на улиците во Чикаго, 15 мртви