| четврток, 6 декември 2018 |

Новак ги предупреди челниците: Зар сакате да ни ја скратите кариерата?

novak

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, во неделата ја презеде функцијата претседател на сојузот на играчи на АТП-турнирите. Тoј на свеченоста одржал говор во кој ги предупредил челниците од организацијата на АТП-турнирите дека згуснатиот распоред и тоа како влијае на здравјето на тенисерите.

Самиот Новак минатата недела имаше ситуација во која двајца негови противници ги предадоа мечевите поради повреди.

– Повредите се последица од тоа што тенисот е многу напорен спорт, а во последно време има сè потежок распоред. Има се повеќе настани, повеќе пари. Суштината е во тоа што играчите играат повеќе. Тоа не е добро – изјавил Ѓоковиќ.

– Не сакате да ни ја скратите кариерата, нели? Сите ние би сакале да трае што подолго. Тоа, можеби, сега не е актуелна тема, но, навистина, мислам дека терба да седнеме и да размислиме за иднината на нашиот спорт и распоредите – додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top