| четврток, 6 декември 2018 |

Трансроден маж роди син: Му менува пелени, го дои и го заспива…

Еван Хемпел почнал да зема хормони во 2003 година за да може физички да стане трансроден маж, но никогаш не ја изгубил желбата да има бебенце во рацете…

Тој и неговата партнерка пред пет години одлучиле тој да прекине да зема тестостерон и почнале процес за вештачко оплодување со сперма од донор. По неколку неуспешни обиди, Хемпбел забременил во 2015 година и го родил синот пролетта 2016 година. Тој вели дека уживал во бременоста.
-Не знаев како треба да се чувствува,, но бев фасциниран од тоа што може да направи моето тело, вели тој.

Evan-son

Поголем проблем имал да им објасни на луѓето на работа како маж може да забремени, бидејчи многумина не знаеле дека некогаш бил жена и мислеле дека е здебелен од пиво. Иако се плашел од реакциите многумина го поддржале.
-Луѓето велат дека бремените жени привлекуваат внимание, но неме тоа не ми се случи. Не сакам да привлекувам внимание со телото, а секако и повеќето не сфатија за што станува збор, вели Еван.

Еван имал проблем со здравственото осигурување кое не можело да ги покрие тестовите кои се прават за трудници, бидејќи на сите документи е регостриран како маж.

-Според родот сум жена, но мојот пол е машки, истакнува.

evan-hempel-transgender-pregnancy-elinor-carucci-5
На крајот повторно ги променил документите и се изјаснил како жена. Породувањето поминало добро, а Еван го доел својот син. Отако ќе престане со доењето има намера повторно да почне да зема тестостерот за да му се намалат градите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top