| четврток, 6 декември 2018 |

„На дното“ – нова премиера на Дејан Пројковски в недела во штипскиот театар

В недела (4 септември), со почеток во 20 часот, на сцената на штипскиот театар ќе се одигра премиерата на претставата „На дното“ работена по текст на Максим Горки, а во режија на Дејан Пројковски.

14045931_10207047052516597_7658406602545835589_n (1)

По големите успеси и награди со „Бегалка“, „Вонредна состојба“, „Дон Кихот“ и „Црнила“, Пројковски со оваа претстава повторно се враќа на штипската сцена, но овој пат со едно модерно, екстравагантно емотивно и катарзично инсценирање на најпознатата драма на Максим Горки.

14117742_10207047053996634_2441643736159618388_n (1)

Во претставата играат: Миле Вртеовски, Пеце Ристевски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Виктор Арев, Стојан Арев, Ангелка Нашкова, Руиш Беговска, Валентина Ѓоргиевска, Кристина Атанасова Арсова, Владимир Тулиев, Николa Стефанов, Надица Петрова, Марија Димитрова и Анкица Бенинова.

14141925_10207047051996584_4549828208290578609_n (1)

По премиерното прикажување, претставата ќе се одигра уште еднаш во понеделник (5 септември) со почеток во 21 часот на сцената на штипскиот театар, во НУЦК „Ацо Шопов“.

14191971_10207047054876656_7734856921540060671_n (1)

„На дното“ е претстава која што е базирана на експериментална форма која што како основа ја има жестоката и бескопромисна актерска игра. Станува збор за претстава, која е еден вид театарска лабараторија  на тема актерска игра во определен простор и се занимава со суштината на професијата актер. Многу често зборуваме дека актерството не е професија туку начин на живот и бара голема посветеност,токму тоа е нашата престстава која до последниот атом на актерската снага и човечка посветеност ја раскажува драмата на ликовите на Гогољ.
14192774_10207047053076611_1948606423210979274_n (1)

-„На Дното“,  всушност, е претстава што јас ја нареков поетика на баналното, поетика што се раѓа од секојдневието, тоа е претстава што зборува за обичниот, малиот човек, како што вели Чехов,  какви што сме сите ние, како што се сите тие што ги сретнуваме на улиците со своите проблеми со своите стравови со своите верувања и желби.  Претставата говори за обичниот човек, за неговите  желби, стравови,за неговата желба за летање, за  сопствената верба и постојаните обиди да летаме.Самата вода во претставата е гоелма метафора, таа е на почеток калта  каде што се сите ликови заглавени, секој нивни обид да излезат од таму е само уште еден  болен обид.  Водата како знак….за прочистување…можеби причина за новиот потоп…за вербата. „На дното“ е претстава, која во калта,на дното, во бездната го бара човечкото во човекот. Останува на публиката на крајот од претставата да го пронајде  во себе одговорот на репликата на Сатин – Човек, тоа звучи гордо“ – вели режисерот Дејан Пројковски.

14202606_10207047054236640_4585612577090142962_n (1)

14212638_10207047052756603_2967968400300826161_n (1)

14222184_10207047053276616_6182991917501095286_n (1)

14224735_10207047054516647_5833077259361443712_n (1)

14225513_10207047055636675_8118088299826270038_n (1)

14233059_10207047052196589_1371258464992451896_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top