Новите правила предвидени со новиот закон наместо од 20-ти август ќе почнат да се применуваат од 1-ви јануари. Објаснувањето за одложувањето беше дека тоа се прави на барање на компаниите кои обезбедуваат комунални услуги поради внатрешно усогласување на нивните правилници. Токму смеките за струја, вода, телефон, заостанати рати за кредити се и меѓу најчестите предмети на извршителите.
Новите павила треба да го „омекнат“ односот на извршителите кон должниците – предвидуваат засилена контрола на нивното работење, писмена опомена пред принудна наплата, вонсудска постапка за комуналните сметки, кратење на роковите за продажба на недвижностите.
Заостанатите сметки за комуналии (струја, вода, парно, телефон, каблеска) нема да одат на нотар или на суд како до сега туку директно кај извршител. Со ова треба да се избегнат дополнителните трошоци.
Јавните, комуналните и претпријатијата кои нудат други услуги ќе мора најпрвин да се обидат да го наплатат заостанатиот долг преку извршител, а дури потоа да почнат судска постапка. Со овие измени граѓаните ќе добијат можност да се раздолжат уште во првата фаза, кога нема дополнителни судски, банкарски и други трошоци.
-Често кај нас доаѓаат луѓе со блокирани сметки кои воопшто не биле известени дека се должни. На овој начин ние ќе испраќаме предупредување до нив и убедени сме дека тоа ќе функционира, бидејќи нашата достава е сигурна и таа нема да биде на товар на граѓаните. Извршителот ќе биде должен да го извести должникот и да побара до него во рок од три дена да ги достави сите податоци што се неопходни за постапката за извршување, објаснуваше претседателот на Комората на извршители на Македонија (КИРМ), Зоран Петрески, кога беа најавени новините.
Има измени и на процедурата за продажба на недвижностите – предвидено е кастрење на роковите за утврдување на нивната вредност од страна на проценителите од 15 на 8 дена, а отстранета е и можноста за трето јавно наддавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Ако има неправилности во тендерите ќе барам ревизија
-
Нови правила во српската полиција: Не смее да се носат шишки, фарбани мустаки се дозволени ако одговараат со косата
-
Граѓаните немаат мир: Извршителите блокирале сметки и пред Божиќ, оставаат и деца без основни приходи
-
Извршителите хараат – половина фирми и илјадници граѓани блокирани!