Српското Министерство за внатрешни работи донесе Правилник за начинот на однесување и изгледот на полициските службеници. Со него се уредува како треба тие да изгледаат и да се облекуваат, колкави да им бидат мустаќите и каков лак смеат да имаат на ноктите.
Новите правила неодамна ги одобри српската влада, а кога ќе стапат на сила на дамите во полицијата нема да им биде дозволено да носат флуоресцентни и лакови во силни бои, накит, како и нападна шминка. За службеничките во униформа се пропишуваат дури и правила како треба да изгледа нивната фризура – па така шишки не се дозволени, а доколку имаат долга коса таа треба да биде врзана во реп.
На припадниците на посилниот пол кои носат мустаќи, тие не смеат да бидат предолги, а доколку ги фарбаат тоа е дозволено само во природна нијанса слична на бојата на косата. Забранети се пирсинг и тетоважи на видливи места, косата не смее да ги покрива ушите, а на јавно место полицијајците исто така не смеат да носат очила за сонце во посилни бои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.