Извршителите не одмарале ниту за празниците, се блокирале сметки и пред Божик – велат од иницијативата „Стоп за извршители“. Причина за зголемување на блокираните сметки велат е во тоа што се очекува новиот закон за извршување со кој меѓу другото предвидено е да се корегира и тарифата за награда и надоместок на извршителите, па затоа сега извршителиоте брзале со наплатата, јавува 24 вести.
– Според наши информации, тие продолжуваат и понатаму со блокада на граѓаните, без разлика дали е петок попладне, дали е празник. Премиерот најави нов Закон, дали тоа ги плаши, дека доаѓа крајот на овој грабеж и сега што може „да се улови во матно“, вели Марјан Ристески – Стоп за извршители.
Во меѓувреме, од канцелариајта на народниот правобранител велат дека претставките до нив се зголемуваат, а извршителите често знаат да го злоупотребат законот за извршување, па дури да остават и деца без основни приходи. Загрижувачки според нив, е што дел од извршителите не ги слушаат препораките од народниот правобранител.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Извршителите хараат – половина фирми и илјадници граѓани блокирани!
-
Извршителите сè уште дерат: Наплив на тужби очекувајте во јуни
-
Додека профункционира новиот закон, стариот уште ги дрма сметките на граѓаните
-
Од денеска извршителите не смеат да земат за себе повеќе од 25% од долгот, ниту да блокираат сметки без најава