| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Ако има неправилности во тендерите ќе барам ревизија

Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Ова за „НОВА“ го изјави премиерот Зоран Заев откако вчера во јавноста излегоа двата сканадолозни тендери, тој за реагенси тежок 35 милиони евра на Минисерството за здравство и дека Фондот за иновации додели 160.000 евра на сметката на „Каст Инвест“, компанија чиј косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран. Не смее да има конфликт на интереси, ниту расфрлање со парите на граѓаните. Ќе ги провериме сите постапки, ако има било што неправилно или нешто што предизвикува конфликт на интереси, ќе барам ревидирање на одлуките – изјави за „НОВА“, премиерот Заев.

Вчера беше објавено дека  фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, е единствена која аплицирала на тендерот за реагенси тежок 35 милини евра. Оваа фирма никогаш не работела со набавки на реагенси, а не е познато ниту дали и колку вработени има, нема никаква референца и основана е во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Филипче најави голема заштеда во здравството.

Фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, е регистрирана со странски капитал, како микро фирма со влог од само 5000 евра. Управител е Александар Јовановски кој има неограничени овластувања за внатрешниот и надворешниот промет, а како сопственик на фирмата се јавува извесен Предраг Петриќ од Нови Сад.

Во документот од Централен регистар за контакт е впишана приватната и-меил адреса на Јовановски, во јавноста познат како Жути. Нема веб страна, ниту и-меил адреса на фирмата АХР ЛАБ ДООЕЛ увоз –извоз Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top