Легендарниот доајен на попкултурата, 73 годишниот Мик Џегер, ќе даде 2,5 милиони долари на 29 годишната балерина Мелон Хамрик која чека дете од него.
Пред еден месец се дозна дека таа е бремена од фронтменот на култната група „Ролинг стоунс”. Оваа сума ќе биде наменета за одгледување на неговото осмо дете. Но парите балерината нема да добие наеднаш, туку Џегер ќе и дава по 15.000 долари секој месец до полнолетство на нивното дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.