| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гари одбележани 150 години од фрескописувањето на црквата „Пресвета Богородица“

bogorodica_1-73494

Во присуство на високи црковни достојници, академици, поранешни и сегашни жители на селото Гари, денеска беше одбележан многу значен датум за селото и црквата „Пресвета  Богородица“, 150 години од фрескописувањето на овој божји храм.

– Црквата почнала да се гради во 17,  а била изградена и осветена во 18 век, се со сопствени средства на селаните и донации на Гарчани, кои ги има насекаде. Ја граделе самите жителите, ја одржувале и ја одржуваат сами и  тоа ќе го правиме се  додека не  има на ова тло македонска земја, рече Иван Кузмановски, член на Црковниот одбор.

Овој божји храм го  фрескописувал познатиот Дичо Зограф  во 1866 година од соседното село Тресонче, кому, ова му била последна црква, што ја фрескописувал.

Во црквата, стара 400 години,  беше одржана Боженствена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот на дебарско кичевската епархија, господин Тимотеј, во сослужение со игуменот на Бигорскиот манастир, анхимадрит Партениј.

На литургијата присуствуваа и бигорското братство и сестрите од манстирот „Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата оцени дека дека дебарскиот регион бил, е и ќе остане синоним како може да се живее заедно, без оглед на етничка  и верска припадност.

Гарчани, и млади и стари, како светот ја почитуваат и продолжат традицијата, наследена од дедовци и прадедовци, каде и да се пред, за и по големиот празник на Мајката Божја тие се тука, во Гари.

– Имам осумдесет и шест години. Сега живеам во Скопје, но секогаш ако не цело лето тогаш пред празникот и по него сум тука. Доаѓаат еве и моите деца и внуци. Но, не само моите туку и на сите Гарчани.Ги обновуваат куќите, вели Манасие Матевски.

Гари преполно беше и вчера кога беше одбележан патронот на црквата, Успение на Пресвета погородица или Голема Богородица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top