Актерот Игор Џамбазов денеска го посети селото Гари. Токму на големиот христијански празник Голема Богородица тој на социјалните мрежи сподели видео на кое ги прикажува убавините на ова село.
Гари е мијачко село во околината на градот Дебар. Сместено на падините на планината Стогово, под шумата наречена Канеш, а низ самото село поминува Гарска Река, која претставува заштитен споменик на природата.
Селото е особено познато по иконостасот и резбата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, кои биле изработени од тајфата на далеку познатиот мајстор Петре Филиповси Гарката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.