Литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на раѓањето на мајката Божја, пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.
Литијата ќе тргне од храмот Рождество на пресвета Богородица во Скопје, по вечерната богослужба што ќе почне во 17.00 часот.
Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7.30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот.
Братството при храмот Рождество на пресвета Богородица во Скопје, со благослов на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на раѓањето на мајката Божја, пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.