Чудотворна икона на Пресвета Богородица е изложена во храмот на пресветата во Битола, а владиката Петар потврди дека станува збор за чудотворна икона бидејќи со чудо се вратила во Битола, пишува порталот Религија.мк.
Иконата била украдена од црквата уште пред седумдесеттите години и по разни канали завршила кај колекционер на икони во Белград.
Владиката Петар вели дека откако Мајката Божја во повеќе наврати му се појавувала на сон на колекционерот со барање да биде вратена од каде што е украдена, колекционерот стапил во контакт со Владиката и понудил да ја врати иконата под услов да не биде пријавен во полиција со цел да не биде гонет поради тоа што нелегално ја поседувал истата.
Владиката Петар истакна дека освен ваквата случка и други чуда се поврзани со оваа икона, но црквата кога ќе ги објави кога за тоа ќе дојде време.
Во пресрет на Велигден иконата сега е изложена во храмот ,,Света Богородица,, а митрополитот Петар ги повика сите верници да се поклонат пред неа и да побараат духовно спасение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)