| четврток, 6 декември 2018 |

Германија омилена дестинација: Зголемен бројот на патници на македонските аеродороми

aerodrom-aleksandar-veliki_608_360

Министерството за транспорт и врски информира дека продолжува трендот на раст на бројот на патници што поминале на двата аеродроми во земјава.

Во првото полугодие од двата аеродрома, аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во споредба си истиот период лани, бројот на превезени патници е зголемен за 22, 5 отсто, односно превезени се 1.008.435 патници.

-На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во периодот од јануари до јули 2016 година регистрирани се вкупно  933.130 патници, што е зголемување од 20,4 отсто во споредба со истиот период лани, кога биле превезени 775.177 патници. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид заклучно со јули 2016 година, превезени се 75.305 патници, што е повеќе за 55,9 отсто, информираат од Министерството.

Најзастапени дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.

Рекордниот број на превезени патници во овој период како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top