| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во летен камп: Турист починал пред сопругата и ќерката

camping-mon-perin

Во кампот Мон Перин на итарските Бали во Хрватска, завчера смртно страдаше 44 годишен турист од Италија. Алекс Унусич починал после експлозија на врата во тоалетот во кампот. Искрварил пред сопругата, пишува Гласот на Истра. Алекс својата две годишна ќеркичка ја однел до тоалет, додека сопругата ги чекала во камп приколката.

Од засега неутврдени причини експлодирала вратата од тоалетот, а парчиња од распрсканото стакло завршиле во Итлијанецот, од кое едно било кобно, кое завршило во вратната жила.

По експлозијата тој отишол до кај сопругата да му помогне.  Позади себе оставал траги на крв, а потоа пред очите на сопругата и ќерката починал. Девојчето за среќа не било повредено.

Се претпоставува дека таткото со своето тело ја заштитил ќерката. Како што се дознава неофицијално, во моментот на несреќата Италијанецот бил пред тоалетот и не ја пипкал стаклената врата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top