Денес во рамките на летниот музичко-интерактивен камп во Пиколини се одржа средба за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општина Карпош и Пиколини во насока на изведба на краткорочниот проект “Шарени тротоари во Карпош”.
Шарените бои на пешачката патека во близина на ОУ Петар Поп Арсов за миг го украде вниманието на минувачите на улица Волгоградска. Ги разиграа децата, родителите и минувачите кои уживаа во неколкучасовното разубавување на монотоните, сиви тротоари пред вратите на Интернационалната градинка Пиколини која се наоѓа во Општина Карпош. Присутните на настанот имаа можност да создадат свое дело кое секојдневно ќе остава насмевка и ќе ги освести сите оние кои несвесно ја уништуваат пешачката површина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.