| четврток, 6 декември 2018 |

Турист загинал во Фиренца, му паднал камен на глава од црква

Шпански турист загинал во Фиренца кога му паднал камен на глава од една од најпознатите цркви во градот, пишува „Би-би-си“.

Како што се наведува, камен со големина од 15 сантиметри му паднал на главата од висина од 20 метри.

Идентитетот на мажот не е соопштен, освен дека имал 52 години. Локалните медиуми пренесуваат дека живеел во Барселона.

Полицијата ја затвори црвката Санта Кроче за туристи.

„Би-би-си“ истакнува дека еден претставник на црквата изјавил оти е шокиран, како и тоа дека црквата редовно било одржувана во последните години.

Во црквата Санта Кроче се погребани Микеланџело, Галилео и Макијавели, а станува збор за една од најпознатитте туристички атракции во Фиренца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top