Р.С. е српски турист чие летување во Грција годинава му се претворило во пекол. Таму отишол со автомобил, но поради поминување на црвено во Калитеа, останал без возачката дозвола, табличките, а платил и казна од 700 евра. Нему ова му била 10 година како летува на грчките плажи, пишува Еспресо.рс.
Р.С. порачува дека сите турсти треба да знаат дека во Грција не се заштитетни и дека се препуштени сами на себе, но и на милоста на грчките полицајци и за најмал прекршок. Тој објаснува дека грчките полицајци се исклучително нељубезни и поседуваат површно знаење на англикиот јазик, па со нив е тешко да се разбереш.
-Повеќегодишното искуство во Грција, а посебно годинешново ми говори дека Грците не ни се никакви браќа како што некои велат, а нас не гледаат кака стока. Јас ќе се потрудам да ја убедам сопругата веќе да не стапнеме во Грција-револтирано рекол тој.
Дека Грците умеаа да бидат ригорозни сведочи и тамошната законска одредба според која грчката полиција може да ја одземе сообраќајната или возачката дозвола и регистерските таблички на период од 60 дена, а казните кои треба да се платат се високи и ригорозни. На тоа треба да се додаде дека некогашната одредба дека казната може да се намали за 50 отсто, ако се плати во рок од 10 дена, е укината, што значи казната мора да се плати во целиот износ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.