| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас на плажа: Ја снимила смртта на својот сопруг (Видео)

Австралисткиот бизнисмен Роџер Џон Хаси загинал при пад од височина од околу 30 метри додека бил на „парасејлинг“ на својот летен одмор на Тајланд. Комбниот момент како тој паѓа од балонот во плитката вода го снимила неговата сопруга со својот телефон, пренесе Дејли Мејл.

Многу кратко откако полетале, 70-годишниот Хаси паднал, а брзата помош која пристигнала на плажата можела само да констатира смрт.

За овој случај обвинети се управувачот на глисерот и вработениот кој требало да му биде инструктор на Роџер. Тие изјавиле дека Хаси несакајќи ја повлекол куката, по што не можело да му се помогне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top