| четврток, 6 декември 2018 |

Ме изнервира што не се опираше додека ја тепав – монструмот од Ветерник не се кае

убиец

Арпад Сабо, монструмот кој во неделата навечер во Ветерник ја уби својата сопруга Славица и двомесечната ќерка Наталија, изјавил дека ја убил сопругата бидејќи се сомневал дека сопругата го изневерувала и дека девојчето не било негово и дека воопшто не му е жал за гнасниот чин.

-Откако роди, се сомневав дека е моја. Таа всушност тврдеше дека никогаш не ме изневерила, но во мојата глава беше лудило. Знаев дека само мене ме сака, но сега веќе нема да ме сака. Не ми е жал што ја убив. А ниту детето, нека биде со неа, и онака постојано беа заедно – рекол ладнокрвно убиецот.

Сабо на сослушувањето во полиција изјавил дека најмногу го изнервирало тоа што Славица не се опирала и не плачела додека ја тепал. Затоа од удари со раце и нозе, преминал на нож.

-Го земав ножот и ја сецкав, како би ги видел нејзините солзи. Ја бодев до бесвест, се додека не и го пресеков гркланот. Кога видов што направив, решив истото да го направам на бебето, кое спиеше во креветчето – рекол монструмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top