Борбите кои веќе со месеци се водат во Сирија помеѓу бунтовниците и силите лојални на Башар ал Асад однесоа огромен број животи и меѓу цивилите.
Колникт Њуз на „Твитер“ објавил фотографија и видеоснимка од едно момче, целото во крв и прав, кое го преживеало бомбардирањето на руските и сириските авиони. Омар (5) бил извлечен од рушевините на една станбена зграда која ја погодила ракета лансирана од борбен авион. Сликата од ова детенце брзо почна да се шири по социјалните мрежи и наиде на бројни реакции кои го осудуваат насилството и бараат заштита за сите цивили.
VIDEO: Child who survived a Russian/Regime airstrike tonight in #Aleppo – @Sophiemcneill pic.twitter.com/yBcoqKeDCl
— Conflict News (@Conflicts) August 17, 2016
Здружените сили на Москва и Дамаск се обидувале да го разбијат налетот на вооружените сили на опозицијата кои не се откажувале од нападите на градот Алепо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.